Пешачката патека во Штип, онаа која го подобри животот на сите нас и која секојдневно позитивно влијае на нашето здравје, конечно инфраструктурно ќе се подобри, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Иван Јорданов, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за градот Штип.

Со нашата програма гарантираме, изградба на паралелна – велосипедска патека покрај постоечката пешачка, со што ќе ја осигуриме безбедноста на рекреативците. Ќе ја доградиме и продолжиме веќе постоечката пешачка патека, до населбата Караорман и Чардаклија. Покрај самата патека, ќе дополниме со урбани, спортски и детски содржини, а на истата ќе изградиме и адреналински парк, вели Јорданов.

Тој додава дека сите љубители на спортското качување, картинг, скејт, ролери, ќе добијат уредени површини, каде ќе уживаат на својот омилен начин.

Нашиот град за четири години го гледам со насмеани и среќни граѓани, затоа што само таква ја прифаќам новата иднина за Штип, потенцира Јорданов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.