На вечерашното изборно соочување во Канал 5 телевизија, кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов, истакна дека власта во Штип предизборно ги раскопала улиците во централното градско подрачје за да создаде перцепција дека нешто се работи, иако имаа четири години за тоа, и не само што не го решија сообраќајниот метеж, туку и го влошија, но вети дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Штип е предвидена обиколница, неколку катни гаражи и достапен јавен превоз за подалечните населби.
-Николов сака да дели сообраќајни совети, а местото му е во болницата затоа што таму е најдобар, во однос на сообраќајните проблеми ние се консултиравме со сообраќајни инженери и врз основа на нивните мислења ние имаме проект ставен во програмата, кој предвидува обиколница со која ќе се намали гужвата и метежот во централното градско подрачје, но исто така предвидуваме и продолжување на постоечките сообраќајници, таму каде според ДУП има простор да се прошират, меѓу другото предвидуваме и јавен превоз со кој централното градско подрачје ќе биде достапно на граѓаните кои живеат во подалечни населби, а е суштинска потреба на штипјани кој никој до сега не смогнал сили да го направи, рече Јорданов.
Тој посочи дека овие сообраќајни решенија и проекти за кои се зборува, истото го ветувала власта на СДСМ во Штип пред четири години истите ветувања, но ги излажале штипјани затоа што ништо од тоа не е реализирано.
-Голем проблем во Штип е недостатокот на места за паркинг, предвидуваме неколку паркинг гаражи со кои ќе се зголеми бројот на паркинг местата, но предвидуваме и воведување на систем за косо паркирање со кое што ќе се зголемат исто така паркинг местата, ветува Јорданов.
Јорданов критикуваше дека она што е најгорчлив проблем е сообраќајниот метеж во Штип, а власта во обид да создаде перцепција пред избори дека нешто работи ги раскопааа улиците низ Штип, но со тоа само се зголеми метежот во градот, а има четири години да ги решат проблемите и да ги прават улицитe.
-Неспособноста на власта излегува на површина, немајќи резултати изминативе четири години предизборно ги раскопаа улиците сакајќи да креираат перцепција дека нешто се работи, а на крајот од денот трпат граѓаните затоа што поголемиот дел од улиците во централното градско подрачје изгледаат вака во 21 век, рече Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.