На мое огромно задоволство денес сме во Ново Село, го пуштаме официјално во употреба еве да кажам спортскиот центар кое што опфаќа детски реквизити, детско спортско игралиште кое што ќе има намена да анимира дечиња кои што живеат, кои што ќе рекреираат и ќе спортуваат овде. Еден прекрасен парк, едно прекрасно катче каде што најразлични генерации ќе можат да го потрошат своето слободно време, изјави денеска градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.

Тој додаде дека ќе се реконструираат сите игралишта во општината со цел да се подобри инфраструктура и да се мотивираат младите да спортуваат.

Станува збор за инвестиција од општина Штип, од парите на граѓаните. Вложивме некаде над два милиони денари. Но нема да застанеме овде, во секоја населба сите спортски игралишта ќе ги реконструираме со специјализирани подлоги како што е ова во Ново Село. Веќе во тек на изработка и изведба се неколку спортски објекти во населбата Баби, населбата Железничка. И ќе продолжиме во текот на годината и во другите населби се со цел да ја подобриме спортската инфраструктура и да ги мотивираме и стимулираме младите да рекреираат и да спортуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.