Во чест на сите успешни спортисти, во склоп на Мултимедијалниот центар ќе направиме Музеј на спортот, каде ќе бидат изложени лични предмети, фотографии и дресови на нашите спортски амбасадори, истакна Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на општина Штип.

Во склоп на ОУ Тошо Арсов ќе изградиме нови мини спортски сали за боречки спортови каде сите овие спортисти ќе добијат место за развој на нивните вештини.

Ќе направиме атлетска патека, која ќе биде достапна за сите спортисти и рекреативци.

Во соработка со бизнис секторот, ќе направиме балон сала, со која ќе ги зајакнеме капацитетите за спортување во затворен простор.

Низ целиот град ќе изградиме и реконструираме повеќе од 25 игралишта, а за подобрување на условите во спортот, спортските клубови ќе добијат повисок фонд од општината за основно функционирање и навремена исплата на годишните котизации.

Наша задача е од новите генерации да направиме врвни спортисти, со кои сите ние ќе се гордееме, а тоа е возможно единствено со нова иднина за Штип, истакна Јорданов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.