Начинот на кој се вели дека ќе се попишува населението, ќе се даваат податоци од лица кои не се во сродство, односно не се во роднинска врска од прво колено, родител, мајка, татко, брат, туку податоците ќе се прибираат од лице кое ќе се утврди дека е најмногу блиско со лицето кое ќе се попишува, критикуваше пратеникот Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, денеска во „Стадион“, во Канал 77.
Јорданов вели дека тоа значи дека има сомнеж за злоупотреби и не дава за право да се верува во релевантни податоци, и иако ова беше предложено како забелешка со амандман истиот не беше прифатен од страна на владеачкото мнозинство.
Ако веќе податоците треба да се даваат непосредно, зошто се проблематизираше да се користат терминалите за отисок од прст кои и онака ќе се набават за да се користат за локалните избори, е нејасно – вели Јорданов.
Јорданов вели дека на овој начин и со вакво спроведување на пописот се остава сомнеж и во јаноста да не се верува во веродостојноста на постапката.
Друга небулоза од законот за попис е врзаниот потпис, кој не постои во друга земја во светот да се има двоен потпис, кој заменик од редовите на ДУИ не се потпише на одлуките, попиот ќе биде ништовен – истакна Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.