Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Штип, Иван Јорданов најави многу паркови и зелени површини доколку ја добие довербата на граѓаните.
Шумата кон Мирјанина црква, позната по огромните диви депонии и сечата на дрвја, уште во првите 2 години од мојот мандат, ќе ја претвориме во огромен парк за спортување, релаксација и одмор. Овој градски парк ќе изобилува со урбана опрема и други содржини, а истиот ќе го чува месното население, при што ќе ја ликвидираме сечата, а ќе ја подобриме економската и еколошката состојба! Во населбата Баби, ќе ги подобриме условите во постоечкиот парк и ќе ги унапредиме детското и спортско игралиште со дополнителни содржини. Покрај бања Кежовица, просторот ќе го искористиме за создавање на парк за одмор и рекреација и тоа место ќе го претвориме во убава, зелена површина, атрактивна за жителите и посетителите на бањата, рече Јорданов на прес-конференција.
Вети дека во сите штипски населби ќе бидат направени повеќе од 20 паркови и зелени површини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.