Поставуваме високи цели, за децата и возрасните со специфични потреби, затоа што имаат неопходност од подадена рака, вели кандидатот за градоначалник на Општина Штип Иван Јорданов.
Ако Регионален рехабилитационен центар за деца и возрасни со посебни потреби е приоритет, ние се обврзуваме и гарантираме дека во наредните 4 години ќе вложиме напор да го направиме! Општина Штип апсолутно ќе застане позади идејата за изградба на Регионален рехабилитационен центар, нешто кое родителите за децата го бараат од институциите со години. Целта на овој центар ќе биде од децата и возрасните со посебни потреби да се извади максимумот, за да можат и тие да придонесат за оваа општество. Во овој центар не само што ќе се врши рехабилитација на децата и возрасните, туку некои од нив ќе добијат можност за вработување. Нашата задача е со сите сили да ги вклучиме во системот, да им обезбедиме сигурна иднина и економски да ги зајакнеме родителите и старателите на оваа категорија на наши сограѓани, порача Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.