За да успееме во сето ова, предвидуваме:

Создавање на општински инвестициски и иновациски фонд за млади претприемачи – фонд, менаџиран во стратешко партнерство помеѓу општината, Универзитетот „Гоце Делчев” и бизнис секторот во Штип и истиот ќе поддржува иновативни идеи на млади луѓе.

Детално ќе мапираме локации за домашни и странски инвестиции, индустриски зони и изготвување на стратегија и општински електронски водич за инвеститорите во нашата општина.

На сите компании во нашата држава им порачувам – ќе понудиме специјални услови за фирмите да ги преместат седиштата во нашиот град, при што заеднички ќе овозможиме рамномерен регионален развој и зголемување на можностите за вработување во нашата општина.

Ќе мотивираме компании за користење на културното наследство, како алатка за развој на туризмот и угостителството во Ново Село, а ќе овозможиме и создавање унифицирани угостителски објекти и креирање на бизниси, покрај кејот на реката Брегалница.

Економскиот развој е основа на нашата визија, за нашиот град да создаде нова иднина, за сите граѓани на Општина Штип!

Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на Општина Штип



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.