Нашата програма предвидува изградба и зголемување на капацитетите на градинките, на три локации во нашиот град, вели Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ.
Ќе изградиме детска градинка помеѓу населбите Пребег и Железничка, каде ќе се создаде можност да се згрижуваат децата не само од овие населби, туку и од населбите Македонка, Балканска и Чардаклија. Во населба Три Чешми, ќе го реализираме сонот на сите жители и за децата до 6-годишна возраст ќе адаптираме просторија во подрачното училиште, со што ќе обезбедиме згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст. Предвидуваме зголемување на бројот на занимални во градинката во населба Баби, кое ќе помогне на многу родители да обезбедат здрав психо-физички раст и развој на нивните деца. Наша обврска е да ги обновиме и реконструираме веќе постоечкиот градинки со што ќе ги подобриме условите за сите дечиња од нашиот град. Ние се грижиме за најмладите! Новата иднина ќе донесе промени, кои сите долго ги очекуваме!, порача Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.