Вечерва, во 20:30 часот, на Плоштад „Слобода“, ќе го зададеме последниот удар на оваа локална власт. Ве повикувам да излезете и да дадете масовна поддршка, затоа што од вечерва од Штип ќе почнат промените и ќе стартуваме со изградбата на новата иднина во нашиот град, изјави денеска кандидатот за градоначалник за општина Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов.
Во продолжение интегрален текст и видео од изјавата на Јорданов:
Почитувани штипјани,
Денешниот, последен ден од изборната кампања, го посветувам на две работи:
Со огромно задоволство ве поканувам на големиот завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.
Вечерва, во 20:30 часот, на Плоштад „Слобода“, ќе го зададеме последниот удар на оваа локална власт. Ве повикувам да излезете и да дадете масовна поддршка, затоа што од вечерва од Штип ќе почнат промените и ќе стартуваме со изградбата на новата иднина во нашиот град.
Исто така, ве повикувам, во недела да го дадете својот глас за новата иднина и храбро, без двоумење, водени од искрената желба за напредок и успеси и подобро утре, заокружете го бројот 7, кој ветува нова визија, нова иднина за Штип.
Почитувани сограѓани, заедно и сплотени ќе успееме!
Ќе бидам прв меѓу еднаквите, подготвен да помогнам секому, вратите на општината ќе бидат ширум отворени, а гарантирам и ветувам дека во новата иднина ќе има само среќни и насмеани штипјани, истакна Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.