Тоа што е изградено, ние ќе го развиваме, унапредиме, доградуваме! – порача кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРо-ДПМНЕ, Иван Јорданов.
Пешачката патека во Штип, онаа која го промени животот на сите нас и која секојдневно позитивно влијае врз нашето здравје, конечно инфраструктурно ќе се подобри.
Со нашата програма гарантираме, изградба на паралелна – велосипедска патека покрај пешачката, со која ќе ја осигуриме безбедноста на сите рекреативци.
Ќе ја доградиме и продолжиме постоечката патека, која ќе стигне до Караорман и Чардаклија – најави Јорданов.
Тој додаде дека покрај самата патека, ќе има и урбани, спортски и детски содржини, а на истата ќе биде изграден и адреналински парк.
Сите љубители на спортско качување, картинг, скејт, ролери, ќе добијат уредени површини, каде ќе уживаат на својот омилен начин.
Нашиот град за 4 години го гледам со насмеани и среќни граѓани, затоа што само таква ја прифаќам новата иднина за Штип! – порачува Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.