Имаме обврска да ги подобриме моменталните состојби. Во делот на инфраструктурата се обврзуваме дека поголемите населби како што се 8-ми Ноември и Баби, имаме обврска да ги поврземе со булеварско решение. Булеварот „Партизанска“ кој што е практично прекинат кај затрупаниот базен, штипската јавност добро знае каде е тоа во населбата 8-ми Ноември, да биде продолжен до населбата Баби и со тоа ќе се овозможи подобра комуникација, фреквенција, транзит на возилата“, истакна Иван Јорданов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Штип во „Стадион“ на Канал 77.

Јорданов додаде дека тоа е инфраструктурен проект кој што ќе ја подобри моменталната состојба во Штип.

Меѓу другото исто така потребите кои што ги воочивме во разговорите со нашите сограѓани е исто така проширување на веќе постоечките сообраќајници, заради конфигурацијата на теренот, онаму каде што има простор и можност сообраќајницата односно крстосницата која што ги поврзува улиците „Сремски фронт“ и „Борис Крајгер“ во населбата Сењак е исто така точка која што мора да биде реконструирана. Тоа е место каде што има најголема фреквенција на возила и овде предвидуваме проширување и реконструкција на оваа крстосница со што населбите Сењак, Баби, Дузла кои што гравитираат во тој дел од градот ќе имаат можност за полесен транзит и комуникација на граѓаните“, рече Јорданов.

Јорданов посочи дека обиколницата која што минува и е втора фаза недовршена треба да се доврши од населбата Железничка, Пребег па до Ново село, бањата Кежовица е можност за граѓаните полесно да транзитираат улиците треба да се поврзат од едната страна на Штип до другиот крај.

Тоа се работи кои што ги предвидуваме во нашата изборна програма и кои што се нужна потреба за да се олесни функционалноста во општина Штип“, укажа Јорданов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.