Како што кажав, СДСМ, си го губи Скопје на сите нивоа. Патосирани, напиша на фејсбук поранешната новинарка Јорданка Ивановска по завршување на вториот круг на претседателските избори во Македонија.

Всушност во сите поголеми градови и општини изгуби власта, освен во Гостивар, Куманово, Тетово, Сарај, Чаир, Паланка, Јегуновце и уште неколку помали општини. Отприлика, разлика од 60.000 гласови (на гурање во 2 круг) со коалиција на СДСМ (формална и неформална) со 32 партии и албански гласови од ДУИ, Алијанса, БЕСА.
И цела машинерија од новинари, куп медиуми, институции и пари на располагање од државен буџет.

Па, браос, Зоќе. Ја па мислев 100.000 разлика ќе направите стварно. Коа, тоа испадна цела Македонија ептен ве сака !, напиша Ивановска. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.