Приказна за мали деца, вака според аналитичарот Агим Јонуз и некогашен портпарол на Влада во времето на СДСМ, единствено може да се објасни обидот на закана од Заев за тоа што би се случило ако локалната власт ја добие ВМРО ДПМНЕ.

-Навистина несериозна изјава. Како прво за да се врати 2001 година, амбиентот тогаш и сега врзано за изборите е апсурд. Фактот дека некој потсетува дека може да се врати 2001 година е приказна за мали деца. Гласачкото тело во Македонија не може повеќе да се потцени со фактот дека се случува една нова ситуација, а тоа дека има огромен број на неопределени, што не се согласуваат, можеби не се согласуваат со ВМРО, но сигурно не со СДСМ, вели Агим Јонуз.

Универзитетскиот професор Владимир Божиновски, вели дека овие зборови на Заев, само ја покажуваат безизлезноста во која се наоѓа во моментов.

-Искрено јас не гледам како ова би му користело на СДСМ, особено во ситуација каде што генерално поврзаност, односно коалицирање со етничките албански партии и од власта и од опозицијата со двете најголеми партии ВМРО и СДСМ. Едноставно со ова се покажува безизлезноста на ситуацијата во која што е СДСМ после првиот круг, по поразот во првиот круг. Но, и безизлезноста на Заев, кој што доколку го изгуби Скопје, што станува се поизвесно со оглед на резултатите од првиот круг, најверојатно како што самиот и кажа ќе мора да си даде оставка, изјави Божиновски.

Наместо закани за можни немири, Божиновски вели дека Заев причината за поразот треба да ја бара во големиот број погрешни политики минативе години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.