Власта со денови молчи, а ЈО не презема ништо за рекетот од 240.000 евра кој го правел Васко Ковачевски во РЕК Битола, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение испратено до медиумите.
Ковачевски е директен извршител на Заеви. Откако фирмата која не му платила рекет ја избркал, склучил договор во четири очи со фирмата СВ Инвест, блиска до Вице Заев, велат од партијата.
Оттаму додаваат дека нема фирма што учествува на некој тендер, а да не и е побарано рекет, за да можат да добијат работа во институција или претпријатие на државата.
Доколку ЈО не покрене случај, тој ќе биде отворен, веднаш по воспоставувањето на правдата во Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при неодамнешната посета на Битола, во изјава за медиумите истакна дека МВР ќе поднесе кривична пријава против поранешниот директор на РЕК Битола и дел од раководството на оваа институција поради изнуда и злоупотреба на службената должност и овластување.
Генералниот директор на АД ЕСМ и поранешен директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, ги отфрли обвинувањата против него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.