Јетон Селмани кој веќе 6 месеци пресојува во САД – вели повеќе не ги бројам деновите, туку минутите, гледам во часовникот но времето не проаѓа. Непроспиените ноќи ги минува буден со шоља кафе, размислувајќи како да се вратам во родната Струга.Вели дека дека дошол на гости кај својата ќерка заедно со семејството кое успеало да се врати дома, пред појавата на пандемијата на коронавирусот.

– Срцето не можеш да го поделиш вели Јетон кој одлучил да го продолжи својот престој, со цел да му помогне на чедото кое свило свое гнездо во Америка. Кога вирусот почна да се шири и во Македонија загрижен за своите, одлучил да се врати дома. Контактирал со дипломатските претставништва во САД од каде го упатиле соодветно да се пријави со обрска навремено да го информираат за датумот на хуманитарниот лет кој наводно го организирала државава, за после еден месец да му кажат дека нема ништо од хумантираниот лет. Тој веднаш стапил во контакт со нашето министерство за надворешни работи-објанува тој за Алфа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.