Откако некоимедиуми објавија дека синот на кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, е „фатен како свири на клавир“ се огласи борецот за човекови права, Мирјана Најчевска посочувајќи дека ова е важно да се знае, како што е важно да се знаат и сите проблеми во семејството на Силјановска.

А каде е вработен синот на Силјановска?
Во некој управен одбор беше? Или некое директорско место? Некои рудници да не беа?
Или Силјановска нема појма исто како што немаше појма и за сопругот и фри-шоповите?
И не драга моја Силјанице, не може да бидат оставени на мира. Ако си се впуштила во трка за претседател ќе ти биде извадено се на виделина и сите проблеми и сиот валкан веш и сите грешки кои си ги направила и проблемите во семејството (болести, психотропни супстанци и сл.). Се е важно во одредувањето како на личноста на идниот претседател така и за можните влијанија кои би ги трпел во иднина.
Претседателот на државата е главен командант и ја претставува државата во светот и има највисок можен имунитет.
Тоа значи дека мора се да знаеме пред да го направиме нашиот избор за да може да избегнеме ситуација да добиеме фикус во претседателската фотеља. – напиша Најчевска.

Ваквиот статус наиде на низа критики од корисниците на социјалните мрежи. Но борецот за човекови права има одговор и на ова:

За љубителите на Гордана Силјановска нема место на мојот ФБ профил. Секој има право да мисли што сака. И секој има право да биде глуп колку што сака.
Правете си го тоа на своите профили.

На статусот за кој многумина на Најчевска и пишаа дека треба да се засрами, се огласи и професорката Биљана Ванковска.

Ова е тешко и да се коментира, бидејќи зборува само за себе… и за личноста која изгради кариера на тезата дека е борец за човекови права – напиша таа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.