Јавни личности, политички аналитичари, професори, доктори утрово побараа одговорност за вчерашната трагедија во Тетово. Велат, оставка од етички причини е најмалку што може да се очекува од одговорните, секако на чело со министерот за здравство Венко Филипче. На ваквите барања се приклучија и граѓаните кои на социјалните мрежи изразуваат сочувство, апелираат на заедништво, но и на одговорност.
Знаејќи во какво општество и држава живееме, ретко кој од верува дека тоа и ќе се случи:
Многу е жално ова во Тетово. И да не е подметнато, историјата не тера да мислиме кон тиа дека никој нема да сноси одговорност и дека нема да има поуки за тоа како побезбедно да се сработи за да не се повтори.
— Laze Janev (@lazejanev) September 8, 2021
Можеби една од најголемите трагедии у модерна историја на Македонија. Сочувство до фамилиите на жртвите, огромна загуба за цела држава. Вечерва не е време, но за ваква ствар конечно некој у јебеново говно од држава мора да одговара ! Почивајте во мир сограѓани 😰🙏🖤
— Бапчо (@TheFitzzz) September 8, 2021
Тетово е резултат на системското уништување низ годините. Прашање на време е кога ќе почнат да се рушат автопати, згради, да се излеваат реки, да се умира по болници од “новите” лекари. Одговорност немало од кога знам за државава, нема ни сега да е поинаку. Сочувство за Тетово!
— Milena (@mi_l3na) September 9, 2021
Треба да има одговорност за Тетово, не се дешава туку-така пожар од несреќен случај во новоизградена модуларна болница, ништо не е дотрајано таму, само е фуш и небезбедно направено. Или ако е подметнат да се најдат сторителите.
— Duchess🏴 (@arthurgordonpy3) September 8, 2021
Вчера беше језива трагедија. Моменти за солидарност и сочуство со семејствата на жртвите во Тетово.
Денеска следуваат тешките прашања за одговорност кои некој ќе мора да ги одговори.— Daniel Evrosimoski (@evrosimoski) September 9, 2021
Гледам многу од вас повикуваат на одговорност за трагедијава во Тетово.
Од кого барате оставки, од неспособни изроди на чело со @Zoran_Zaev што со корупција и уцени, криминално ја преименуваа и обезличија сопствената земја и народ?
Од таквите ли очекувате одговорност и оставки? pic.twitter.com/CWtN39xzFn— Goce Pangovski (@Goce_Macedonian) September 9, 2021
На оваква трагедија да не дадеш итна оставка уште вечерва од директор на болницата до министер е во најмала рака монструозно. Само монструм може да се држи до фотељата после оваа језива трагедија.
— ☜☆☞ Чиз™ ☜☆☞ (@C4i7Z) September 8, 2021
Греота…. луѓето живи изгореле во модуларната болница во Тетово.
До толку ли немате трунка одговорност бре?
Какви луѓе сте бре вие?— Jane Angelov (@JaneAngelov) September 8, 2021
Пожарот во Тетово не е природна катастрофа туку е последица на еден распад систем.
Не е сум сигурен дека треба оставки само ради морална одговорност, за ваков настан повеќе ми личи дека треба кривична одговорност.Што е со другите модуларни болници низ државава ?
— Мартиан (@MartianfromMKD) September 9, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.