Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во соработка со Иницијативата за една изборна единица ќе одржи отворена дебата за предлог-законот за изменување на Изборниот законик и предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик кои се однесуваат на воведување една изборна единица за парламентарни избори, отворени листи за локални избори и еднаква родова застапеност на листите за пратеници и советници.

Дебатата ќе се одржи со почеток од 14 часот, во салата „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.