Јавен обвинител од скопското јавно обвинителство ќе го истражува случајот со телефонската апликација на СДСМ, преку која од тимот на Гордана Сиљановска тврдат дека се собирале податоци за граѓаните.
На денешната средба во обвинителството им било ветено дека случајот ќе се провери, но тие се сомневаат дека е веќе доцна затоа што институциите три дена не им го одземаа серверот на СДСМ, со што им е дадено време да ги уништат доказите.
Тврдат и дека бришењето некој тајно го снимал и го прикажал на социјалната мрежа твитер.
Премиерот вели дека ова се груби обвинувања на некој кој е свесен дека губи. Тврди дека нема ништо незаконско во апликацијата.
Од МВР кратко одговорија дека поднесената пријава од штабот на Сиљановска ја доставиле до основното јавно обвинителство. Вчера и од Државната изборна комисија ветија дека ќе го разгледаат случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.