Ова се класични потези на очај на режимот во паѓање. Ова е хунта, се работи за обид за притисок врз моите родители на денот на гласањето за недоверба на оваа влада, вели во изјавата за МКД.мк пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески од Струга.

Јаулески на Фејсбук информира дека рано утрово во домот на неговите родители влегоа четворица припадници на Финансиската полиција и извршија претрес.

Јаулески утрово бил во Скопје.

Покажаа налог од Основен суд, извршија претрес, му го земаа мобилниот, рекоа дека се работи за предистрага, направија некои записници и си заминаа. Татко ми работи во ЕВН. Ова не е случајно. Ова е очигледен обид за вршење притисок врз мене пред денешното гласање. Ова го нема ни во најлошите режими, како да сме Северна Кореја. За што и да е, не се прави тоа така, ни изјави Јаулески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.