Чудно што пред само два дена во Јосифово биле украдени над 2 тони марихуана во камион, а потоа фамозно да исчезнат речиси 1.8 тони и да останат само стотина килограми, кои пак се пронајдени во Арачиново, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во гостување на ТВ 24 Мицкоски посочи два сомнителни моменти во случајот. Прво, смета Мицкоски, сомнително е што МВР речиси два дена немаше изјава или соопштение за овој случај, а второ, според него, што не ги обзнани инволвираните во случајот.

Знаејќи ги релациите на струмичките шверцери со оние во Арачиново, лесно можеме да ја поврземе паралелата на соработка, додаде Мицкоски.

Срамота е во една земја како Република Македонија која е претендент за членка на ЕУ, секојдневно да се среќава со скандали и криминали од ваков тип, па дури и поголеми од овие. Тоа покажува дека општеството е труло и искорумпирано до максимум, а главен виновник за тоа е Зоран Заев, заврши тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.