Професорката Јасна Котеска реагира на пораките испратени од претседателот Стево Пендаровски во говорот одржан по повод Илинден.

Во дебата која се разви на социјалните мрежи по повод обраќањето на Пендаровски, Котеска пишува:

И мене, сосема. Когнитивна дисонанца. Па уште и „Републиката“. Која Република бре без името за истата?”.

Професорката вели дека прашањето е упатено до претседателот Пендаровски кој не го употреби зборот Македонија во пораката за Илинден во која зборува за „Реоубликата”.

Пендаровски и неговиот кабинет не одговорија на прашањето на Котеска на која држава мисли кога зборува за републиката.

Што е когнитивна дисонанца за која што зборува Котеска во контекст на пораките од говорот на претседателот Пендаровски?

„Когнитивна дисонанца” народски се опишува како „судир на свеста”.

Според науката се работи за негативна состојба во која поединците доживуваат ментална непријатност предизвикана од конфронтација во нивните умови на конфликтни идеи, вредности, знаење, погледи на погледи, идеи, верувања, бихевиорални ставови или реакции од емоционална природа”..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.