Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски би репреговарал за Преспанскиот договор доколку стане премиер и има таква иницијатива од грчка страна.

Откако се смени власта во Грција и нов премиер е неговиот колега од европската десница, лидерот на Нова Демократија Мицкотакис, кој е жесток критичар на договорот, се актуелизира прашањето дали е можно конечната спогодба да претрпи измени. Според досегашните изјави и новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис е за ревидирање, но еднострано поништување рече дека не е возможно.

Сето она што е во насока на подобрување, на зголемување на квалитетот и враќање на изгубените позиции кои овој уценет премиер под притисок ги потпишал, ние сме тука да ги репреговараме и да ги вратиме. Јас сум подготвен со секого да разговарам, немам никаква дилема. Јас сум на браникот на одбрана на македонските национални интереси и интересите на македонската држава и не се повлекувам од таа точка, вели престедателот на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски денеска присуствуваше нa асвалтирање на улици во општина Петровец, каде што градоначалник е Борче Митевски од ВМРО ДПМНЕ. Лидерот на партијата го пофали градоначлналникот за успешното раководење со општината и користење на ИПА тфондовите, и ги повика останатите градоначлници да го следат неговио пример.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.