Јас сум комунист и не можам туку-така да ги оставам моите другари на цедило кога им требам. Тоа не е другарски, а сега, постоењето на други правила во спротивниот табор, тоа е нивно право на избор! Јас верувам во моите постапки!

Вака во интервју за „Фокус“ пред пет години, кога СДСМ се бореше за власт, зборуваше Арбен Бени Шаќири, кој со години со години наназад беше дел од музичките гости кои настапуваа на митинзите на СДСМ, додавајќи дека настапува на нив бидејќи се согласува со ставовите на партијата.

Што се однесува до хонорарот, се разбира дека е важен, затоа што секој од нас треба да го подобри квалитетот на живеењето, што значи дека ако нема хонорар, тогаш тие од маркетите сигурно нема да ми дозволат да изнесам надвор полна количка со намирници, само со едно покажување на членска книшка или евентуално докажување на симпатии кон една или друга партија, иако за волја на вистината, со години наназад немам наплатено ниту денар за моите ангажмани во склоп на соработката со СДСМ!, велеше тој.

Неговата поддршка за политиките на партијата не беше само на музичката сцена, и тој никогаш не криеше дека му е блиска политичката идеологија на СДСМ. Во времето кога СДСМ беше во опозиција, познато е дека Шаќири јавно апелираше и го повикуваше народот да се приклучи кон Шарената Револуција, на која како еден вид на неофицијална химна се пееше неговата песна „Нема правда, нема мир”.

Шаќири пред два дена стана кандидат за градоначалник на Скопје на ЛДП и ДОМ, а на самата промоција изјави иако дека бил активен учесник во рушење на режим, но како граѓанин на Скопје, лично бил изневерен.

Доста молчевме и доста дозволувавме да доаѓаат маргиналци, да нè водат во пропаст. Конечно на Скопје му треба нормален градоначалник и нормален прв човек и носител на листа во Советот на Град Скопје, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.