Студентите од Филозофскиот факултет преку герила-акција пред Владата се изјаснија против реформите во образованието. Учесниците во акцијата носеа транспаренти со пораките „Историјата е мајка на знаењето“, „Но пасаран“ и „Јас не ја разбирам Мила“.
Историчарот Васко Гичевски упати поддршка за акцијата, наведувајќи дека таа покажува оти Македонија се уште има капацитет за сериозна и демократска дебата.
– Пред сѐ би сакал да истакнам дека особено ми е драго што помладите колеги студенти, решиле на вака креативен начин да го изразат својот револт. Тоа говори дека во нашата земја сѐ уштема капацитет за сериозна и демократска дебата. Од друга страна истото тоа значи дека дека сме изградиле доволно самосвесни кадри кои не се плашат јавно да го демонстираат своето мислење по прашања кои ги засегаат. Државите институции треба веќе да осознаат дека современоста не е време на догми и слепо следење на ставови. Од тука како историчар и како човек, кој се залага за квалитативни, а не за квантитативни промени во образованието ги повикувам да официјалните власти да се повлечат од своите позиции. Сите ние сакаме подобрен образовен систем! Секако, доколку тој е изработен врз база на сериозни истражувања и ги консултира сите засегнати страни, каде би биле опфатени сите, од родители до високите образовни институции. Образованието е премногу скапоцена работа за таа да се прави невешто, слепо и набрзина – истакна Гичевски.
Повеќе на веб страницата на Нова Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.