Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата Студио 10 на телевизија 24 информираше дека голем број на пријатели,
функционери поранешни и сегашни му честитале за победата, но претседателот на СДСМ Зоран Заев се уште му се нема јавено.

Во ниту еден момент се немам споено со ВМРО-ДПМНЕ, но факт е дека добив поддршка особено во вториот круг, но и во првиот изборен круг. Да
постоеа некакви спојувања, Максим ќе беше избран уште во првиот круг, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ќе немаше свој кандидат. Тие имаа свој кандидат којшто легитимно се бореше во оваа борба. А, во однос на прашањето ќе го поставам поинаку. Кој тоа се спои жртвите со злосторниците како што ги нарекува господинот Заев? Јас се споив со Крсто Муковски? Јас се споив со дел од луѓето кои беа иницијатори и предводници на тој настан во Собранието? Јас амнестирав дел од луѓето коишто се учесници? Па, имавме делумно амнестија и тоа имаше политичко спојување на највисоко ниво за број на гласови во парламентот. На мене ми побегна Груевски од Македонија и си замина? Јас комуницирав со дел од бизнисмени и Сашо Мијалков и еден куп на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ? Така да, сметам дека е невидена хипокризија и за тоа господинот Заев ќе треба да даде објаснување на граѓаните. Бидејќи токму тие такви погубни политики непринципиелни доведоа до ваква состојба, во којашто се најде мојата политичка партија, да од позиција на апсолутна власт изгуби на локални избори и многу квалитетни кадри за градоначалници меѓукои и еден голем визионер од типот на Шилегов изгубија на избори, затоа што беа погубни политиките кои се креираа од страна на оваа власт којашто во минатото се бореше против еден режим, а можеби и несвесно не сакам да поверувам свесно влезе во една иста креација, бидејќи тоа што се случуваше во Куманово на денот на изборите и еден ипол месец пред изборите е МВРО на квадрат. Или еден режим ставен на квадрат од она што се случуваше во минатото. Ако успеа десницата да извлече поуки од минатото, а левицата дојде на власт и притоа се трансформираше во дел да наликува на нешто такво моја обврска е да го спречам тоа. Јас излегов како независен кандидат поддржан од граѓаните, затоа што сакав да влезам во директна борба против онаа што сум допринел да се создаде, а во тој момент чувствував дека тоа е лошо, истакна Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.