Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Прилеп им порача на прилепчани, но и на сите од власта и од СДСМ кои го прозиваат јавно да се откаже од некои политики од минатото, дека тој од ништо не бега, а е тука за да понуди решение на грешките од минатото наместо да прифаќа или да се откажува.

Тука од Прилеп ќе го повторам мојот одговор. Човек што работи може и да погреши. Јас бев дел од првата генерација во ВМРО-ДПМНЕ. Работев и растев со втората генерација, ја предводам третата генерација. И се што било можеби погрешно, го профаќам на себе и јас сум одговорен да понудам решение за сè што било погрешно во минатото. И не се срамам, не се плашам  на овие луѓе, ако треба, да побарам прошка, да застанам пред секого и да се извинам во име на тоа минато. Јас сум тој кој сега одговара, но истовремено заедно со вас ќе понудиме решенија кои ќе ја однесат Македонија кон вистинската цел, рече Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш повтори дека во ВМРО-ДПМНЕ никој не се откажува од никого.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.