Огромна афера со вакцини и обид да се земе провизии за истите. Афера од која паѓа и ќе падне Влада. Што прави Заев? Повикува пријател. Се јавува кај Каракачанов да смислат нешто за дефокус. Вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски го коментира лажниот список објавен од бугарскиот министер за внатрешни работи со членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои наводно се бугарски државјани.
Досега овој список беше демантиран од повеќето имиња на листата, а Николоски вели дека тој освен македонско нема друго државјанство, ама семејството Заев има нешто бугарско – фирми.
Ама ОЧАЈНИ се не поминува.
Јас друго државјанство освен МАКЕДОНСКО немам! Ама Заеви фирми во Бугарија ИМААТ!
Ние се спротиставуваме на распродажбата на македонскиот јазик и историја, Заев не! Тоа е разликата!
А за Каракачанов освен очај нема друг збор… Дали КРАЈОТ вака мириса…, им порача Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.