Со грант од Амбасадата на Јапонија, инсталирано е ново парно греење со пелети во подрачното училиштето во неготинското село Долни Дисан. Денеска увид на лице место извршија заменикот шеф на мисијата, Такахаши Сатору, неготинскиот градоначалник Тони Делков и Петар Мантев, директор на училиштето „Гоце Делчев“ од Неготино, во чиј склоп, е дисанското подрачно училиште.
Делков појасни дека вредноста на грантот е 30.463 евра. Како што нагласи, со тие пари старите печки на дрва што се користеа во училиштето, сега се заменети со радијатори. Упатувајќи благодарност и надеж и за идна соработка, тој додаде дека со ова се подобрени условите за следење на настава на 120 основци до деветто одделение, но и за работа на наставниците.
Такахаши Сатору изрази задоволство од соработката на овој проект, поддржан од јапонската програма за мали грантови. Тој појасни дека е ова плод на соработката помеѓу Амбасадата на Јапонија, Вардарски плански регион и Општината Неготино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.