Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија истакна дека секоја политичка партија која присуствуваше на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, си има различна страна од приказната.
Секој сака да ја изнесе својата вистина, меѓутоа на крајот на денот има само една вистина, рече тој и додаде:
Јас и јавно повикав да се објави вистината, односно да се објават стенографските белешки. Она што всушност се случуваше на средбата е тоа што господинот Христијан Мицковски му кажа на премиерот Зоран Заев дека е неминовно да има 100 дена техничка влада. Законот за влада е доволно јасен и прецизен и дека техничката влада мора да биде најмалку 100 дена. Роковите од 45, 60, и 90 дена помалце или повеќе се однесува на периодот во кој се распушта Собранието и слично. Така да, нема никаква коализија со Уставот. Затоа понудивме оваа недела, значи по лидерската, да се распушти парламентот броиме 100 дена, кога и да биде тој ден 12, 25 или било кој јануари, и нека се одржат изборите. По што Заев ретерираше и не го прифати тоа“, рече во емисијата Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.