Денеска е 24 декември, помалку од 10 дена од заминувањето на Заев од премиерската позиција, па веројатно човекот го фаќа паника и едноставно немање на друг маневар се обидува на секој можен начин да проба да ги одложи изборите, рече денеска Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев одговарајќи на новинарско прашање за најавите на премиерот во заминување за можно одложување на изборите доколку не се донесат законите кои, како што рече тој, значеле живот за граѓаните.
Избори ќе има. Изборите се договорни од сите политички субјекти на лидерската средба кај Пендаровски, и од тоа нема бегање. Имаа три години да буквално ги донесат сите закони кои што сметаат дека ќе бидат од бенефит на граѓаните и од бенефит на Република Македонија меѓутоа тоа не го направија напротив една шајка не успеаја да заковаат овие три години немаат буквално еден проект кој што го реализираа. Единствено ги кочеа оние проекти кои што ги наследија станува збор за убедливо најнеспособната влада во историјата на државата и со сите тие работи кои ги имате на памет единствено логично е да пробаат да бегаат од избори но тоа нема да се дозволи избори на 12 април ќе има, порача Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.