Криминалот на Заев се интернационализира, сега во друштво на екс-премиерот на Малта, Мускат и либискиот офшор тајкун, Али Гафур – напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Понатаму тој пишува:
Либискиот тајкун има проверен рецепт од Малта. Наоѓа подмитлива власт, инвестира во партнерство со државата во болници, ги “испумпува” во странство државните пари што ќе ги добие, и ја банкотира фирмата во која првично се инвестирало. Тоа Малта ја чини 51 милион евра.
Од Владата се уште кријат дали Заев се видел со Али Гафур како што тврдат албанските медиуми, и што се разговарало на средбата? Се разбира веќе е познато дека Заеви се живо заинтересирани за бизнис во здравството, слично како и во плантажите за марихуана.
Дали молкот значи и одобрување? Секој ден нов скандал поголем од претходниот – напиша Јанушев на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.