Нашата програма е со преку 1.000 проекти, нема да ветуваме нешто што не можеме да го исполниме како СДСМ, тоа не е наша одлика, никогаш и не ни била, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во третата изборна единица Игор Јанушев во мини-интервју за неделникот Фокус.

На граѓаните им нудиме разнолика програма на која ќе ја темелиме кампањата. Сметаме дека е недолично да им се претставуваме на граѓаните со лажни ветувања, туку напротив – им нудиме конкретни решенија сублимирани во програмата Проект „Обнова“. Истата ја изготвивме со помош од домашни и странски експерти и истата содржи над 300 страници, над 1.000 нови проекти кои ќе ни ја обноват државата. Опфатени се проекти од сите области: здравство, економија, инфраструктура, индустрија, земјоделство, образование, млади, спорт… Се обврзуваме дека секој дел од програмата ќе го реализираме со особено внимание – вели Јанушев.

Каква кампања очекувате во рамки на третата изборна единица каде ја предводите пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ? Кои теми и прашања ќе доминираат и ќе се обидете да ги наметнете?

Очекувам фер и демократска кампања, не само во третата изборна единица туку и на ниво на цела Македонија, иако целокупната јавност е сведок на начинот на кој СДСМ и Зоран Заев се обидуваа да влијаат и да вршат поткуп на граѓаните. Фактот што сега се соочуваме со предизвикот на оваа здравственo-економска криза и со неуспехот на Владата предводена од СДСМ во изминативе 3-4 месеци да се справи со истата, нѐ донесе до тоа да мораме да направиме стратегија за после овие избори и после победата на ВМРО-ДПМНЕ да започнеме со преодна стратегија во насока на премостување на овој период, особено во наредните два квартали до крајот на 2020-та година. Нашата програма е со преку 1.000 проекти, нема да ветуваме нешто што не можеме да го исполниме како СДСМ, тоа не е наша одлика, никогаш и не ни била, истакна Јанушев.

Повеќе прочитајте на Фокус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.