Пораст на платите и пензиите и намалување на невработеноста, поддршка на земјоделците, обнова на фасадите во домовите се меѓу бројните проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, изјави генералниот секретар на партијата Игор Јанушев, носител на листата во ИЕ3, по денешната средба со жители во општина Зелениково. Разговарал, рече, со луѓето за нивните проблеми и ги запознал што им нуди влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по изборите на 15 јули.
Она што исто така е факт е што имавме можност да поразговараме за делот неостварени ветувања односно лаги на СДСМ овде во Зелениково, еден таков пример е и мостот овде во месноста Река, којшто и покрај ветувањата, покрај лажењето во неколку наврати во минатото и од страна на градоначалникот односно локалната самоуправа, но и од страна на останатите високи функционери на СДСМ, буквално ништо не е направено. Затоа драги пријатели време е да кажеме дека е доста и оваа влада и овие политичари да заминат на темната страна на историјата, рече Јанушев.
Нагласи дека сè што имаат ставено во програмата „Проект Обнова“ се обврзуваат пред граѓаните дека ќе биде почитувано и ќе се реализира во следниот период од четири години затоа што, како што рече, „ние сме различни, ние нудиме иднина, извесност, ние нудиме да бидат со крената глава и исправена кичма“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.