Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во гостување во централниот дневник на Сител, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, посочувајќи дека тоа е непотребен трошок што ќе треба да го плаќаат граѓаните.
Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави. Впрочем ако видиме во минатото никогаш не било вака, дополнително само ќе се зголемат трошоците кои ги плаќаат граѓаните, а најголем дел од тие дури и да ги имаме 5 потпретседатели никогаш нема да седнат на спикерското столче – истакна Јанушев.
На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата во која ќе се дискутира за новиот состав на владата, Јанушев изјави дека ќе се спротивстават на лошите политики кои ги спроведуваат СДСМ и Заев, додавајќи дека кадрите коишто се понудени се стари и истрошени кадри односно, како што рече, сите се истите од претходно, оние кои се дел од онаа криминално-рекетарска банда којашто буквално ја уништи државата.
Ќе се спротивставиме на се ова што се обидува СДСМ да го направи повторно во државата. Го слушнавме Заев како кажува дека ова се убедливо најдобрите кадри со коишто располагаат, претпоставувам мислеше на тоа најдобрите кадри со коишто раководството на СДСМ сега располага, бидејќи речиси сите се истите од претходно, оние кои беа дел од онаа криминално-рекетарска банда којашто буквално ја уништи државата и сега сакаат со буквално истите кадри да продолжат понатаму – додаде Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.