Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев вели дека состојбата во Македонија со пандемијата воошпшто не се подобрува како што сакаат да прикажат од СДСМ туку напротив се влошува.
Првата вонредна состојба кога се прогласи имавме ако не се лажам просек на 6 заболени на ден , втората вонредна состојба кога се прогласи имавме негде околу 36 – 37 заболени на ден , третата вонредна состојба кога се прогласи имавме ако не се лажам некаде помалце од 30 заболени на ден . Последниве неколку дена бројките се движат околу 30. Може да ми кажате што е тоа што се движи на подобро во однос на здравствената состојба кога бројот на заболени во нашата држава не опаѓа туку напротив расте, потенцира Јанушев.
Додава дека логиката и бројките кажуваат дека властите не превзедмаат доволно мерки во однос на тоа да се намали бројот на заболени односно заразени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.