Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“ рече дека и предизборието покажало дека ВМРО-ДПМНЕ е многу различно од СДСМ.
Секогаш имало разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а и внатре во партиите има разлика затоа што секоја нова генерација си носи нови визии, и на крајот никој не е венчан за функција затоа прво е еден на една функција, потоа доаѓа друг, рече Јанушев.
Говорејќи за актуелните политики кои ги спроведуваше владата предводена од СДСМ.
Слушаме нови скандали секој ден. Секојдневно има случаи на корупција, криминал, рекетирани пари во Луј Вутон куферчиња, криминални тендери во здравство, но и во другите области. Јас ги повикувам да и кажат еден нивни проект кој го осмислиле или барем да го започнале, еве ги повикувам подолго време, но никој не кажува ништо, кажа Јанушев.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 3, Јанушев потсети и дека се што се правело како инвестиции, инфраструктура е направено во време на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Сега во овие три години од СДСМ нема ништо. Да бидеме реални единственото време кога доаѓаа инвестиции, се градеа патишта беше во време на ВМРО-ДПМНЕ, кажа Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.