Во вечерашната емисија „Топ Тема„, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев зборуваше за законот за јавна обвинителска служба и за законот за академија на судии и јавни обвинители. Имено тој посочи дека законот за јавно обвинителство е објаснет повеќе пати во јавноста и ВМРО-ДПМНЕ не бара нешто е надвор од европската и светската рамка за овој закон.
За законот за јавно обвинителство не може превземањето на вработените од СЈО да биде на начин на којшто СДСМ сака да го направи. Не може некој кој сега е во специјалното јавно обинителство да бил на работно место соработник дирекно да биде унапреден за 2- 3 скалила. Предлогот е опозицијата да го предлага обвинителот за организиран криминал. Не знам од што се плаши СДСМ во врска со ова. За неколку месеци ќе биде опозиција еве ние им предложивме да биде тоа со одложно дејство, истакна Јанушев
Тој во своето гостување запраша до каде се истрагите за Рекет 1, Рекет 2, Вирус, Кеш и зошто обвинителството до сега не успеа да увиди колкав износ се исплаќало на вработените во СЈО, на роднините на Катица Јанева, на другарите на синот на Јанева и слично.
Зошто не се отвори постапка за М-НАВ, за хеликоптерите, зошто не отворија постапки и не истражуваа за прислушувањето во судовите и во самото обвинителство. Многу работи се најавени а никој не излезе да покрене истрага и сега треба тие кои не си ја работат работата, за што зимаат плата ние тоа треба да го поддржиме, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.