Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вечерва во Телевизија 24, а во врска со потенцијалниот датум за избори му посочи на Мухамет Зекири, потпретседателот на СДСМ, дека роковите за изборите СДСМ ги вади од ракав не може да има избори спротивно на закон и на грбот на граѓаните на здравјето и животот.

Зекири се повикува на законите, но уредбата којашто е донесена од оваа влада иако ние укажавме дека оваа уредба не треба да се носи поради тоа што ќе донесе повеќе комликации, но вие не не послушавте, и тоа сега се докажува, вели Јанушев во реплика кон Зекири.

Јанушев објасни дека од СДСМ велат дека се замрзнати роковите, но тие не се замрзнати во Член 3 од Уредбата е наведено дека со денот на стапување во сила на оваа уредба се прекинуваат изборните дејствија, значи дејствија и рок се различни работи, и меѓу другото во истата е наведено дека ДИК е задолжена во рок од еден ден по престанокот на вонредната состојба да објави на нејзината страница Роковник за продолжување на изборните дејствија, ниту се спомнуваат рокови.

Јанушев вели дека СДСМ роковите ги вади од ракав, не може Државната изборна комисија да прави Роковник кога нема определен датум за избори, единствен кој има право да определи датум за избори е претседателот на собранието, затоа што во Изборниот законик истото е дефинирано.

Во однос на тоа кој колку е спремен за избори, вие само слободно продолжете со поткупот, продолжете со брашно и зејтин ќе ве поразиме така силно што нема да знаете каде да се свртите. Избори спротивно на законот и на грбот на граѓаните на здравјето и животот не е опција, посочи Јанушев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.