Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „Што мисли народот“ говореше за одржување на избори каде посочи дека не може да има избори во јуни затоа што не може да се испочитуваат роковите, а СДСМ и Зоран Заев одат со глава во ѕид за одржување на избори.
И да е се во ред, да немаме заболени на ден и починати не можат да се испочитуваат роковите за одржување на избори и затоа тврдам дека ова е одење со глава во ѕид од страна на СДСМ и Зоран Заев. Едноставно правно гледано организациски, технички е невозможно да се стигне да имаме избори 21 јуни или 28 јуни. Од друга страна ако сте се обврзале и дале збор дека ќе работиме на тоа да имаме датум со консензу , а притоа вашиот став е или 21 или не се договараме , тогаш не гледам каде е тука почитувањето на она што сте го дале како збор дека ќе гледаме да најдеме заеднички јазик, истакна Јанушев во своето гостување.
Јанушев укажа дека ВМРО-ДПМНЕ предложи три датуми и дава простор за договарање за одржување на изборите.
Ние предложивме три датуми за избори, ние не викаме да биде последниот месец на август и толку е. Даваме простор да се договараме. Но тоа го нема до другата страна. Исто така и останатите партии присутни на лидерската средба ниту една не прифати фиксно само крајот на јуни, дури и една од политичките партии која што кажа дека јуни е прифатлив но кажа дека е прифатливо и во септември. Така да за жал ситуацијата сега во која што сме е резултат на незрелата , несериозната политика која што ја води Зоран Заев и СДСМ и нивната спремност да ги ризкуваат сите во државата само за да ја спасат својата кожа, додаде Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.