Единствената стратегија која ВМРО-ДПМНЕ ја има е здравјето на граѓаните и ние од тоа нема да отстапиме. А јасно е дека избори во јуни нема да има, и законот тоа не го дозволува. Правните норми не го дозволуваат тоа. Едноставно не може да испочитуваат сите рокови за подготовка на избори кои ќе се одржат во јуни, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во гостувањето на вестите на телевизија Канал 5.
Според него она што го говори Заев е нереално.
Знаеме дека ултиматуми на Заев се невозможни, иако од него се може да се очекува. Сепак единстен кој може да утврди датум за избори е претседателот на Собранието, а тоа нема да се случи ако нема консензус. Значи нема да распише избори. Доколку пак од СДСМ сметаат дека тоа може владата да го направи сама со уредба со законска сила и ако прават манипулации не верувам дека ќе го постигнат тоа, рече Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.