Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вели дека се убедени во победата.Тој потврди дека водат речиси секаде. Во Гази Баба и Аеродром разликата е два спрема еден, а водат и во Прилеп, Радовиш, Битола и во Св. Николе.
Народот денеска масовно излезе и го оствари своето право на глас. Македонија денес одлучуваше за промени, одлучуваше за обнова. Граѓаните ја сфатија сериозноста на состојбата во која се наоѓа државата и излегоа во огромен број да ја казнат власта и да поддржат обнова. Најважно од се е дека народот масовно излезе и во огромно мнозинство го даде својот глас, народот се определи, и обновата е нивниот избор. Следува огромна победа на народот против власта, на правдата против неправдите, рече Јанушев.
Македонијо, исправи се, обновата доаѓа – рече еуфорично Јанушев.
Победуваме, победуваме во Македонија. Победуваме речиси насекаде.
Од дел досега обработените негде од околу 20% од избирачките места ВМРО-ДПМНЕ веќе има предност од над 10.000 гласови.
Победуваме во Гази Баба со 2:1.
Победуваме во Аеродром со 2:1.
Победуваме во Илинден, победуваме во Кратово и во Кривогаштани со 2:1.
Во Охрид и Прилеп веќе имаме сериозно водство, иста ситуација е и со Радовиш. Со Свети Николе и Бутел имаме предност веќе од 2:1 од обработените избирачки места. Кисела Вода и Велес исто така веќе водиме и се прави сериозна разлика, објави тој.
Народот денеска масовно излезе и го оствари своето право на глас и одлучи за промени за обнова. Граѓаните ја сфатија сериозноста во која се наоѓа државата и излезе да ја казни власта. Народот се определи и обновата е нивниот избор, изјави вечерва Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имаше нерегуларности од различна природа, мотивирани од очај по очигледниот пораз на Заев и на СДСМ. Власта се служеше со разни методи на манипулација и поткуп на гласачите. Мафијашкиот начин на владеење народот го казни. Имаше агитирање за време на изборниот молк од страна на власта и сите овие случаи се процесуирани до надлежните институции и до ОБСЕ, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.