Носителот на листата за пратеници од ИЕ 3 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес се обрати пред граѓаните на Општина Илинден.
СДСМ, Заев и Николовски се нервозни затоа што знаат дека губат, и знаат дека за 10 дена нема да може повеќе да си ја спасат сопствената кожа. Сакам да споделам со вас со кави удбашки финти се уште се служат. Вчера бев во посета на Македонска Каменица. Имавме прекрасен прием од луѓето поддршка од секој граѓанин.
Посетивме локално кафуле каде разговаравме со младите за проектите што сакаме да ги правиме во наредните 4 години. Попладнево пред да дојдеме овде ми се јавни сопственикот на кафулето дека веднаш по нас дошла инспекција. Тоа ни е реалноста, пренесе Јанушев.
Но народот доаѓа по своето. Исправи се Македонија, обновата доаѓа. СДСМ, Заев, Љупчо и сите останати од криминалната банда се прочитана прикаска. Нивниот крај доаѓа за 10 дена.
Обновата значи повеќе за секого. Доста ни е од се што гледавме во минатите години. Ајде да го донесеме законот за потекло на имот на политичарите. Да видиме кој после 15 јули ќе остане на политичката сцена. Ние не се плашиме, знаеме што сме правиле, и што правиме. Ќе го донесеме тој закон и ќе видиме кој после 15 јули ќе биде на политичката сцена. Да видиме дали ќе ги имаме Зоран Заев, Лупчо Николовски, Оливер Спасовски и останатите. Нема! Ќе ги пратиме во политичката историја. На темната страна од политичката историја. И нема да чекаме година две или три, тоа ќе го направиме во првите 6 месеци, расчистување со целиот криминал и корупцијата. Знаеме како, имаме кадри. Имаме способни луѓе. Ќе треба многу труд и работа, не се плашиме сме работеле и ќе работиме, порача Јанушев.
Во следните 4 години се обврзуваме, земаме аманет пред сите вас дека ќе работиме напорно. Затоа внимателно се работеше со наши експерти со луѓе од партиските комисии и со луѓе што сакаа да дадат помош, со луѓе од странство. Се што ставивме во програмата ќе го исполниме. Повеќе за земјоделците не само 160 милиони евра субвенции секоја година, туку и нивно навремена исплата, истакна Игор Јанушев.
Јанушев најави дека следуваат огромни реформи буквално во секое поле. Во образованието ветуваме два ипол пати поголеми плати за наставниците и професорите. Во здравството зголемување на платите на медицинскиот персонали и лекарите и конечно ќе го изградиме клиничкиот центар. Да го имаме 8-ми септември како клинички центар и уште два нови клинички центри во Штип и Тетово. Оваа пандемија ни покажа колку многу зависиме од лекарите и медицинскиот персонал. Да им се заблагодариме за се што направија за нас.
На 15 јули рано од сабајле на демократски начин да излеземе и да кажеме доста е на сите штетни политики, доста е за сите политичари кои ја урнисуваа државата, да ги пратиме на темната страна на историјата. На 15 јули гласајте за број 14 за 14 пратенички места во изборната единица три, побара Јанушев од гласачите од Илинден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.