Русковска се врати од одмор, истрагата за аферата „Рекет” ќе продолжела, а ни збор за тоа кога и дали Катица Јанева ќе биде викната на сослушување во ЈО, пишува на „Фејсбук“ генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Во меѓувреме се уништуваа докази, се влијаеше на сведоци, Заев „парче” ги направи сите, Владата си формираше Комисија за расчистување на аферата, каде патем нема ни еден претставник од обвинителско-судските органи, а и зошто да има кога се е тоа едно исто – Заев командува, тој е главата на овој криминално-рекетарски октопод.

 

Република Македонија мора еднаш да расчисти со криминалот без разлика од каде доаѓа! Доаѓа денот кога ќе одговарате, прво политички, а потоа и пред словото на законот, напиша Јанушев повторно повикувајќи на оставка и предвремени парламентарни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.