Мизеријата на криминално-рекетарската банда на Заев продолжува, после се она што го видовме со случувањата последните денови во собранието. Продолжува ширењето на шовинизам и антисемитизам, што дополнително го поделуваат македонското општество и ова не е затоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува, туку ова е ставот на граѓаните, истакна Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, за време на неговата посета на општината Чешиново-Облешево.

Денеска сме во посета на општината Чешиново-Облешево, ги посетивме населените места Соколарци и Облешево, разговаравме со граѓаните, разговаравме со земјоделците пред се. Но, она што овие денови ја тишти цела Република Македонија се токму овие последни случувања и она што го кажав пред малку што е всушност ставот на граѓаните, подвлече Јанушев и додаде:

Имаме да порачаме дека за сите овие злодно рекетарската банда на Заев шири антисемитизамела, за се ова што го прават ќе одговараат. 12-ти април е денот којшто доаѓа за нешто повеќе од 50-тина денови од денеска, народот си доаѓа по своето и народот ќе ја казни оваа криминално-рекетарска банда на власт. А сите оние коишто се огрешија, сите оние коишто придонесоа за уништување на македонската држава ќе одговараат после 12-ти април – рече Јанушев.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.