Паричката има две страни, нели обвинителке?, ја прашува Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ обвинителката Вилма Русковска, по повод вчерашното прво рочиште од судскиот процес во кој обвинителката ја тужи партијата ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на нејзиниот лик и име во спотовите за време на кампањата за предвремените парламентарни избори.
Русковска како доказ доставила вештачење од невропсихијатар во кое пишувало дека кај неа има лутина кон тужените, анксиозност и загриженост.
Нека и каже некој дека нема граѓанин во Република Македонија што не го осеќа истото кон неа, а сигурен сум дека не би било лага ако кажам дека и многу повеќе! И не само кон неа, туку кон сите кои се дел од мафијата.
Можеби е добро сите да поднесеме тужби, м?
И уште една работа, ако главната обвинителка чувствува страв и лутина кон ВМРО, тоа значи дека сериозно е доведена во прашање нејзината објективност во работењето, што пак е основен принцип на работа за еден обвинител. И кога говори за нејзините чувства, нека се запраша за чувствата на оние мајки, сестри, родители чии чеда неправедно ги гони и се под политички прогон.
Паричката има две страни, нели обвинителке?, пишува во статусот кој го објави на Фејсбук Јанушев.
Русковска како доказ доставила вештачење од невропсихијатар во кое пишувало дека кај неа има лутина кон тужените,…
Posted by Igor Janushev on Thursday, 24 September 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.