Ги напаѓаат Макрон и Тимоние, затоа што им кажувуваат дека не се доволни само реформи на хартија туку треба уште многу особено во судскиот систем и во борбата против корупцијата, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Додека трае „канонадата” напади од „перјаниците” на Заев и СДСМ кон Тимоние, Макрон и Франција, го слушаме Заев како повторно лаже дека сите крупни политички одлуки што ги направиле биле за економски развој, поддршка на инвестиции, нови работни места, повисоки плати, лаже дека посветено работеле на привлекување на странски инвеститори … и затоа сега ќе барале чист мандат, бидејќи во вториот мандат планирале да ги дозајакнеле реформите, да ја доразвиеле економијата.
Е токму поради ова ја напаѓаат Франција, односно Макрон и Тимоние, затоа што им кажуваат дека Владата ги сменила приоритетите, наместо со исполнување на конкретни задачи, т.е. реформи, бандата на Заев повеќе сакала да се занимава со геополитика, пишува Јанушев на социјалните мрежи.
Тој потсетува дека токму Тимоние наведува дека на Македонија не ѝ се доволни само реформи на хартија, туку тие треба да се спроведуваат во пракса и дека Македонија треба да направи уште многу во поглед на реформите, особено во судскиот систем и во борбата против корупцијата.
А, вие слободно „јачајте” се меѓусебно за втор мандат, додека првиот и последен го завршувате за 2,5 години, порача Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.