Нашиот народ вели „ем шуто, ем боде“. Вака генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јануешев ја коментира изјавата на Зоран Заев дека тешко му паѓало од лажните вести.
Во моментите кога еве веќе една година имаме датум за преговори, кога платата е близу 500 евра, кога се имаат направено 500 км патишта, а премиерот филантроп гради цркви по принципот евро по евро – се разбира сето ова се лажни вести продуцирани од Заев.
На народот му паѓа потешко што имаме власт која лаже за сето ова и повеќе и што е криминална до срж!, вели Јануешев.
Генералниот секретар додава дека „водачов на криминално-рекетарската банда упорно ‘глуми лудило’ и е убеден дека сè ова ‘поминува’“.
Не е свесен дека на сите нас во Република Македонија веќе трета година ни паѓа и повеќе од тешко затоа што токму Зоран Заев и СДСМ спротивно на Устав и Закон, криминално сменија име и идентитет и распродадоа се што е Македонско, од криминалот, рекетот, корупцијата, нерасветлените убиства … безидејноста …, додава Јанушев уште еднаш повикувајќи на оставка и предвремени избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.