12% од заболените со корона се лекари и здравствен персонал. Тоа значи само едно, дека оние кои се во прва линија во борбата со епидемијата се незаштитени.
Наместо секојдневни прес конференции за заштита на рејтингот, Владата и Филипче нека направат нешто за заштита на здравствениот персонал, докторите и медицинските сестри.
Навистина е поразително поради недостиг на соодветна заштита и протоколи да се руши здравствениот систем и да страдаат оние кои најмногу и единствено можат да помогнат. Лекарите се оставени голораки да се спротивстават на силната епидемија. Тоа не смее да се дозволи. Потребна е итна реакција на министерот и обезбедување на сите потребни средства.
Да се делува одговорно и посветено, затоа што секој живот вреди, напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.